Top Sport

Флик: Против Шпанија ќе треба да докажеме дека сме дел од фудбалската елита

Германскиот селектор, Ханси Флик инсистира дека неговиот тим има доволно квалитет да се спротистави на Шпанците во денешниот клучен меч кој може да значи елиминација на поранешните светски шампиони. По шокантниот пораз од Јапонија, Германците можат да бидат елиминирани денеска, доколку загубат од Шпанија, а Јапонија остане непоразена против Костарика.

„Имаме тим кој има квалитет, кој знае да ги имплементира работите на кои работевме на тренинзите и влегуваме со позитивен став. Мораме да излеземе на теренот со храброст и со верба во нашиот квалитет“, вели Флик.

Флик, кој беше именуван за германски селектор откако со Баерн Минхен освои шест титули во 2020, не сакаше да шпекулира дали втората елиминација во низа во натпреварите по групи (по таа во Русија во 2018) ќе значи дека четирикратните светски шампиони веќе не се дел од фудбалската елита.

„Мечот против Шпанија ќе го покаже тоа. Тогаш можеби ќе имаме подобар одговор на тоа прашање“, објаснува Флик.

Scroll to Top