УЕФА со ждрепка ги одреди двојките за осминафиналето во Лига Европа. Жителите на чешката престолнина Прага ги тријат рацете бидејќи во нивниот град ќе гостуваат великаните на европскиот фудбал, Ливерпул односно Милан.
Во осминафиналето нема вистинско дерби, но има интересни двојки кои ќе го привлечат вниманието. Рома ќе игра против Брајтно на чија клупа седи Италијанецот, Роберто Де Зерби. Виљареал за противник го доби Марсеј.
Интересно лидерот во Бундеслигата, Баер Леверкузен ќе се сретне со Карабаг, со кого играше и во фазата по групи. Исто така повторно ќе се сретнат Фрајбург и Вест Хем.
Осминафинални двојки во Лига Европа:
Спарта Прага – Ливерпул
Олимпик Марсеј – Виљареал
Рома – Брајтон
Бенфика – Глазгов Ренџерс
Фрајбург – Вест Хем
Спортинг Лисабон – Аталанта
Милан – Славија Прага
Карабаг – Баер Леверкузен
Првите натпревари ќе се играат на 7 март, а реваншите на 14 март.