Top Sport

Ливерпул се намачија за 2:2 реми со Салцбург, го загубија Ван Дајк!

Рајан Брустер постигна два гола за да им донесе на Ливерпул тешко 2:2 камбек реми со РБ Салцбург во подготвителен меч во Австрија.

Младиот Брустер постигна два гола во второто полувреме, откако претходно Патсон Дака со два гола му донесе 2:0 предност на австрискиот шампион.

Покрај проблемите на теренот, Јирген Клоп може да има и проблем со Виргил ван Дајк, откако холандскиот дефанзивец доби незгодна исеченица над десното окол на четири дена пред дуелот од Комјунити шилд против Арсенал на „Вембли“.

Scroll to Top