Top Sport

Грците го осудија Мегвајр!

Капитенот на Манчестер јунајтед, Хери Мегвајр е виновен за физички напад, опирање на апсење и обид за поткуп од судот по инцидентот кој го предизвика на грчкиот остров Миконос каде што беше на одмор со своите роднини и пријатели. Тој доби условна казна од 21 месец затвор

27-годишниот Мегвајр беше уапсен заедно со неговиот брат Џо и членовите на неговото друштво за физичка пресметка со група на луѓе пред ноќен клуб. На Мегвајр му беше дозволено да се врати во Британија, меѓутоа на судењето присуствуваше неговиот татко Алан. Џо Мегвајр, кој игра за фудбалскиот клуб Илкестон таун, исто така е виновен за напад, напад на полиција и обид за поткуп, а нивниот пријател Кристофер Шарман е осуден за напад и за вербална расправија.

Адвокатите на Мегвајр тврдеа дека тој бил вклучен во тепачка со група на мажи, наводно Албанци, откако на неговата сестра Дејзи луѓето и дале непозната супстанција. Полицијата тврдеше дека била нападната од Мегвајр и другите кога пристигнала на местото на настанот, а потоа Мегвајр им се обратил со зборовите: „Знаете ли кој сум? Јас сум капитен на Манчестер јунајтед. Многу сум богат. Можам да ти дадам пари, пуштете не“.

Scroll to Top