Челниците на фудбалскиот клуб Ливерпул наводно се откажале од трансферот на Џуд Белингем.
Како што пренесуваат англиските медиуми, „црвените“, решиле да се повлечат од трката за тинејџерот на Борусија Дортмунд бидејќи тој бил премногу скап.
Бундеслигашот наводно бара 100 милиони евра за 19. годишниот играч од средниот ред, за кого плати 25 милиони евра пред речиси три години.
Белингем постигна десет гола и забележа седум асистенции на 37 натпревари за Борусија оваа сезона.
„Liverpool Echo“ наведува дека на „Енфилд“ се пресметале дека за таа сума можат да донесат неколку квалитетни играчи.
Така, се наведува дека Јирген Клоп сега ќе се насочи кон светскиот шампион Алексис Мекалистер, односно Матеуш Нунес, Мејсон Маунт или Конор Галагер.
Лошата сезона е секако повеќе од јасен знак дека на „црвените“ им е потребна целосно реконструкција.