Top Sport

Ливерпул се вклучи во трката за потписот на Врсаљко

Шиме Врсаљко, десниот бек на Атлетико Мадрид, ќе биде еден од најбараните фудбалери на трансфер-пазарот во јануарскиот преоден рок.

Врсаљко, кој не успеа да се избори за место во стартната постава кај Диего Симеоне, се поврзува Наполи и Јувнетус, а денеска „Кориере дела Сера“, објави дека во трка за неговиот потпис ќе влезе и Ливерпул.

Според овој извор, Ливерпул за хрватскиот репрезентативец на Атлетико ќе му понуди сума од 22 милиони фунти, што е повеќе од понудите на Наполи и Јувентус.

Дека не се работи за медиумска шпекулација потврдува и изјавата на спортскиот директор на Атлетико, Андреа Берто, кој на италијанските новинари им рекол дека Ливерпул подолго време го следи Врсаљко и дека клубот од „Енфилд“ е сериозен во намерите да го реализира трансферот во јануари.

Врсаљко во кариерата настапувал за Динамо, Локомотива, Џенова, Сасуоло и Атлетико кој во 2016 година го купи за сума од 16 милиони евра. За хрватската репрезентација има одиграно 32 натпревари.

Scroll to Top