Top Sport

Охриѓани без борба до прва победа во АБА-лига 2

Кошаркарите на Охрид кои се натпреваруваат во втората АБА-лига без борба стигнаа до првата победа во ова натпреварување. Охриѓани, кои забележаа осум порази од почетокот на сезоната, во деветтото коло вечерва требаше да ја пречекаат Босна, но мечот нема да се одигра откако клубот ја известил лигата дека нама да патуваат за Охрид поради финансиските проблеми со кои се соочуваат.

АБА-лигата реагираше веднаш, натпреварот го регистрираше со службен резултат 20:0 за Охрид, а Босна парично е казнета со 5.000 евра.

На својата официјална интернет-страница АБА-лигата објави дека доколку го повтори делото, тогаш согласно со членот 71.1.б од пропозициите на Лигата, Босна ќе биде парично казнета со 10.000 евра, тимот ќе биде исклучен од понатамошните натпревари и ќе го загуби правото да биде учесник во АБА-лигата 2 во сезоната 2018/2019.

Scroll to Top