Ливерпул го одигра последниот подготвителен меч пред стартот на новата сезона од Премиер лигата, победувајќи го Торино со 3:1 на „Енфилд“.
Роберто Фирмино и Георгино Вајналдум постигнаа два гола во три минути (во 21. и 24. минута) за да донесат голема предност за „црвените“, пред Андреа Белоти во 31. минута да внесе мала неизвесност во второто полувреме. Победата ја запечати Даниел Стариџ во 87. минута од мечот.
Со ова се комплетира супер-успешната подготвителна сезона за тимот на Јирген Клоп, откако претходно меѓу забележителните резултати тука беше 4:1 победата над Манчестер јунајтед и 5:0 триумфот над Наполи.