Top Sport

Ливерпул се вратија на челната позиција (Видео)

Ливерпул, Арсенал, Кардиф и Вотфорд забележаа победи, а Кристал палас и Вест Хем одиграа нерешено во попладневните натпревари од 26 коло, во Премиер лигата.

Ливерпул се врати ја челната позиција на табелата и ја прекинаа лошата серија во Премиер лигата. Против Ботнмут четата на Јирген Клоп славеше убедливо со 3:0.

Головите играчите на Ливерпул ги постигнаа во интервал од 24 до 48 минута. Серијата ја отвори Мане, потоа погоди Вајналдум, а точка на мечот стави Салах.

Ливерпул стигна до 65 бод во првенството и на челната позиција има три бода повеќе од Манчестер сити.

Арсенал очекува победија кај последно пласираниот тим на табелата Хадерсфилд. Ивоби и Лаказет постигнаа по еден гол во првото полувреме, а конечните 1:2 со автогол ги постави Колашинац.

Кардиф во драматичен меч освоија важни три бода кај дирекните конкуренти во борбата за опстанок, Саутемптон.

Бамба постигна гол за Кардиф во 70 минута, израмни Стивенс во 91, а конечните 1:2 ги постави Зохоре во 93 минута.

Андре Греј во 65 минута го постигна голот со кој Вотфорд ги совладаа Евертон.

Маото лондонско дерби помеѓу Кристал Палас и Вест Хем заврши 1:1. Гостите од 27 минута имаа предност со голот на Нобл, а израмни Заха во 79 минута.

Scroll to Top