Ливерпул е заинтересиран за Орелијан Чуамени од Реал, пренесуваат британските медиуми. Јирген Клоп ќе се обиде да го донесе Чуамени откако му пропадна веќе договорениот трансфер на Моизес Каиседо.
Чуамени во Реал пристигна лани од Монако за 80 милиони евра. Францускиот репрезентативец минатата сезона одигра 50 натпревари за „кралскиот клуб“.
Британските медиуми тврдат дека Реал не е заинтересиран за продажба на Чуамени, но Флорентино Перез би можел да се предомисли доколку Ливерпул испрати понуда повисока од 100 милиони евра.
Чуамени (23) за француската репрезентација одигра 25 натпревари и постигна два гола.