И покрај одлукатада го продадат Филип Кутињо на Барселона за фантастична сума од 146 милиони фунти, Ливерпул нема да се избрза и да „фрли“ пари на Томас Лемар, објавува „Скај спортс“.
22-годишниот напаѓач на Монако е мета на повеќе тимови, како Арсенал, но францускиот шампион е сигурен дека може да го заддржи напаѓачот барем во јануари, а нивниот потпретседател уште во октомври најави дека можен датум за трансфер е дури летниот преоден рок.
Во петокот, тренерот на Монако, Леонардо Жардим најави дека клубот „никогаш не продавал во јануари“, така што интересот на Ливерпул е драстично намален.
Јирген Клоп и Ливерпул на крајот може да се откажат и од другите предвидени трансфери, како Желсон Мартинс од Спортинг Лисабон или Ријад Марез од Лестер, така што ќе почекаат во текот на летото да пристигне високоценетиот Наби Кеита од РБ Лајпциг.