Top Sport

Шифрин со четири победи во седум дена (видео)

Микаела Шифрин едноставно не знае да сопре. Актуелната шампионка од Светскиот куп во алпско скијање, стигна до својата деветта победа оваа сезона со триумфот на слаломот во Крањска Гора, Словенија, што е нејзина четврта победа во само седум дена!

Шифрин имаше огромна предност од речиси две секунди по првото возење на патеката Подкорен, за на крајот да победи со време од 1:43.50, за 1.64 секунди побрзо од Швеѓанката Фрида Хансдотер, и 1.87 пред Швајцарката Венди Холденер. Топ 5 ги комплетираа Петра Влхова од Словачка и Бернадете Шилд од Австрија.

22-годишната Шифрин веќе има 40 победи во Светскиот куп во алпско скијање и разлика која тешко дека ќе се надополни во генерален пласман, но секако, како за сите американски спортисти главната цел останува злато на Олимпијадата во Пјеонгчанг следниот месец.

Scroll to Top