Top Sport

Ливерпул сметаат дека Дембеле е добра алтернатива за Вернер

Ливерпул го загубиле интересот за напаѓачот на РБ Лајпциг, Тимо Вернер поради превисоката цена, и Јирген Клоп се подготвени да се „коцкаат“ со Усман Дембеле од Барселона во летниот преоден рок.

Клоп не криеше дека е фан на Вернер, кој има 24 гола во 28 меча во Бундеслигата, но не се подготвени да платат 50 милиони фунти, а Лајпциг не планира да прифати ништо помалку.

Од друга страна, според „Ел мундо депортиво“, нова интересна опција е 23-годишниот Усман Дембеле, кој стана еден од најскапите фудбалери на светот кога Барселона го донесе од Дортмунд во 2017 година, но не ги исполни очекувањата со слабата форма и низата повреди.

Барселона е еден од најпогодените големи клубови од кризата и се очајни да се ослободат од дел од скапо платените ѕвезид како Дембеле, Филипе Кутињо и Самуел Умтити, и се верува дека Ливерпул би го добиле за само 40 милиони фунти.

Scroll to Top