Top Sport

Доминантна победа на Барнс над Вудли

По трите успешни приредби на мочетокот на мај во Џексонвил УФЦ продолжи во ист ритам. Оваа организација организираше нови три борби, домаќин беше Лас Вегас. Во главната борба Гилберт Барнс забележа доминантна победа над Тајрон Вудли.

Барнс познат и како „Дурињо“ со едногласна одлука на судиите го победи Вудли. Тој во првата рунда сериозно го повреди противникот, кој до крајот на борбата има проблеми со повредата над левото око.

Барнс сега има шест победи во низа и се претпоставува дека тој е наредниот предизвикувач за појасот во велтер категорија. Борецот од Рио Де Женаиро сега има скор од 19 победи и три порази во кариерата.

Scroll to Top