Top Sport

Ливерпул со 90 милиони евра го носи Инсиње на „Енфилд“?!

Италијанскиот фудбалски репрезентативец и член на Наполи, Лоренцо Инсиње (27) е мета на големите фудбалски клубови ширум светот, но најверојатно англиски Ливерпул е најблиску да го доведе во своите редови.

Брзоногиот фудбалер кој на 12 меча оваа сезона за Наполи постигна 8 погодоци би можел да се пресели во Ливерпул откако информациите од Италија се дека премиерлигашот за неговите услуги нуди 90 милиони евра.

Инсиње има четиригодишен договор со Наполи, па италијанскиот клуб е во поволна позиција да го задржи фудбалерот или добро да го наплати неговиот евентуален трансфер.

Доколку Инсиње премине во Ливерпул, отворено прашање е кој од тројцата врвни фудбалски мајстори, Салах, Фирмињо и Мане е најблиску до излезната врата.

Scroll to Top