Top Sport

Голема чест за Џинобили, Спарси го повлекуваат бројот 20 од употреба

НБА тимот Сан Антонио Спарс му укажува голема чест на аргентинскиот кошаркарски виртуоз, Емануел Ману Џинобили. Спарси го повлекуваат дресот со број 20 во чест на Џинобили, кој ги бранеше боите на клубот цели 16 сезони.

Аргентинецот кој е во „пензија“ просечно за тимот од Тексас постигнуваше по 13.3 поени на натпревар во вкупно 1.057 натпревари за својот тим.

Ману со Спарси стана НБА шампион во сезоните 2003, 2005, 2007 и 2014, а беше и дел од едно од најдобрите триа во НБА лигата, заедно со Тони Паркер и Тим Данкан.

Се очекува повлекувањето на дресот со број 20 да се случи на 28 март идната година кога Спарси ќе ги нагостат Кливленд Кавалирс.

Scroll to Top