Трент Александер-Арнолд е последниот фудбалер на Ливерпул кој потпиша повеќегодишен договор со „црвените“. 20-годишниот Александер-Арнолд е дел од фудбалската академија на Ливерпул, а сега менаџерот Јирген Клоп им порача на навивачите да смислат нова песна за него.
„Навивачите на Ливерпул го сакаат Трент како ’еден од нив’, но забележав дека нема песна за него досега. Навистина заслужува нова“, изјави Клоп.
Во четвртокот Енди Робертсон потпиша нов договор, откако претходно од април минатата година на долгогодишни договори се обврзаа и Роберто Фирмино, Мохамед Салах, Џордан Хендерсон, Садио Мане и Џо Гомез.
„Горд сум што имам договор со мојот клуб. Во ниту еден момент не помислив на заминување и немаше никакво колебање. Сега сакам да се фокусирам на фудбалот и да одиме на титули“, изјави Александер-Арнолд.
“I’m ecstatic and really proud” ❤️@trentaa98 has signed a new long-term contract with the Reds…https://t.co/ZU7lsKR7r2
— Liverpool FC (@LFC) January 19, 2019