Top Sport

Ливерпул со „шестка“ за Лидс, сега се на само три поени од Сити!

Ливерпул со 6:0 го декласираше Лидс јунајтед на „Енфилд“ во заостанат натпревар од Премиерлигата, за да се доближи на само три поени од лидерот Манчестер сити, најавувајќи интересен финиш на сезоната во англискиот фудбал.

Мохамед Салах ги донесе црвените во водство во 15. минута со гол од пенал, пред во 30. минута да му асистира на Жоел Матип, пред пет минути подоцна да ја обезбеди победата со уште еден гол од пенал.

Сол на раните на Лидс во 80. и 91. минута стави Садио Мане, пред и Виргил ва Дајк да се запише во листата на стрелците во 93. минута за висока победа и најава за шампионски амбиции на клубот од „Енфилд“.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top