Ливерпул е последниот полуфиналист од најстарото клупско натпреварување на светот, ФА купот, откако им беше доволен „сомнителниот“ гол на Диого Жота за да стигнат до 0:1 победа на гости и да обезбедат пресметка со Манчестер сити во полуфиналето. Во второто полуфинале играат Челси и Кристал палас.
Второлигашот Нотингем, кој во претходните кола успеа да ги елиминираат Арсенал и Лестер, се покажаа како сериозен противник и имаше доста шанси пред голот на фаворитите, но во 78. минута откако пропуштија сериозна шанса, беа казнети кога Костас Цимикас го пронајде Жота во шестнаесетникот и тој немаше проблем да го совлада голманот.
Иако ситуацијата изгледаше сомнително, ВАР системот одлучи дека нема офсајд. Домашните навивачи беа лути што неколку минути подоцна ВАР повторно беше против нивниот тим по еден дуел во шестнаесетникот на второлигашот, кој сепак, не изгледаше доволно сериозен за најстрога казна.
The ????????? of touches from @DiogoJota18.@LFC #EmiratesFACup pic.twitter.com/medNXfWdSI
— Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) March 20, 2022