Top Sport

Ливерпул со загуба од 57 милиони фунти

Англискиот фудбалски клуб Ливерпул објави загуба од 57 милиони фунти.

Тоа е 71,8 милиони долари, пред да бидат оданочени, до 31 мај 2024 година. Сепак, вкупниот приход на клубот од Премиер лигата се зголеми за 20 милиони фунти, на 614 милиони фунти во сезоната 2023/2024 година, а комерцијалните приходи се зголемиле за 36 милиони фунти, на 308 милиони фунти, објави Би-Би-Си.

Ливерпул соопшти дека административните трошоци значително се зголемиле, а еден пример се платите. Тие трошоци се зголемиле за 38 милиони фунти, на 600 милиони фунти.

Периодот 2023/2024 ја опфати последната сезона на Јирген Клоп како менаџер, во која „црвените“ го освоија Лига купот, завршија на третото место во Премиер лигата и стигнаа до четврт-финалето на Лига Европа и ФА Купот.

Ливерпул се засили со четворица фудбалери за чии трансфери потроши 165 милиони фунти . Станува збор за Алексис Мекалистер, Доминик Собошлај, Ватару Ендо и Рајан Гравенберх.

Scroll to Top