Ливерпул и Евертон се заинтересирани да го купат бекот на Торино, Глеисон Бремер веќе во јануари, тврди британскиот весник „Ливерпул ехо“, кој додава дека не е јасно кој од двата клуба ќе понуди повеќе.
На Ливерпул им е очајно потребно засилување на одбраната по сериозните повреди на Вирџил ван Дајк и Џо Гомез, кои најверојатно нема да заиграат повеќе оваа сезона, а идеално би сакале да го добијат Калиду Кулибали од Наполи, но италијанскиот клуб останува на нивната висока цена од над 70 милиони евра за Сенегалецот.
Бразилецот Бремер е поевтина алтернатива, откако 23-годишниот централен бек одигра 27 меча во Серија А минатата сезона, а оваа година во шест настапи има еден гол. „Биковите“ платија 5.8 милиони евра на Атлетико Минеиро во 2018 и очекуваат понуда од над 10 милиони евра.