Top Sport

Ливерпул вечерва се враќа на „Енфилд“ по 104 дена пауза

Ливерпул е близу, многу близу до титула во ПЛ, прва после цели 30 години, а вечерва тимот на Јирген Клоп се враќа на „Енфилд“ по 104 дена пауза.

Противник на „црвените“ е Кристал Палас, а меот ќе се игра без публика.

Сепак, навивачката организација го украси стадионот со знамиња, шалови, пароли, транспаренти и останати навивачки реквизити.

Уште од порано клубот напиша: „Нема да биде исто без вас, но тоа не значи дека сме сами“.

Тука е и пораката на Јирген Клоп:

„Кога ќе дојдам на своето место на стадионот пред почетокот на мечот, секогаш гледам кон `Коп`, и секогаш е неверојато, затоа што имаме толку многу заеднички искуства и спомени. Им благодарам на сите кои вложиле толку душа во ова, неверојатно е“.

На Ливерпул во последните 8 кола му недостасуваат 5 бодови за и математички да ја освои титулата.

Scroll to Top