Top Sport

Менаџерот на Димитров контра таткото на Ноле, вината e кај организаторите

Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан го обвини бугарскиот тенисер, Григор Димитров дека болен дошол на „Адрија тур“, по што следуваше одговор од Бугарија. Георги Стојменов, менаџерот на Димитров му реплицираше на Ѓоковиќ сениор.

„Во врска со изјавата на Срѓан Ѓоковиќ за хрватска телевизија, би сакал да изјавам дека Григор слета во Белград по 3 месеци во комплетна изолација. Ниту во Белград, но ниту во Задар не му беше понудено, а не беше ниту обврзан да е тестира за Ковид 19. Организаторите на турниротсе тие кои имаат одговорност за сигурност и безбедност и мораат да направат правилата да се почитуваат. Григор го почитуваше она што организаторите го бараа и ги почитуваше сите закони додека ги поминуваше границите на Бугарија, Србија и Хрватска“ – се вели во соопштението од тимот на Димитров.

Инаку, Ѓоковиќ постариот го обвини бугарскиот тенисер дека им наштетил на Хрватска, на Србија и на неговото семејство:

Таткото на Ѓоковиќ контра Димитров: Тој наштети на Хрватска, Србија и нашето семејство

Scroll to Top