Во зимскиот преоден рок, Ливерпул има намера да го доведе фудбалерот на Барселона, Роналд Араухо, кој може да игра како стопер, но и како десен бек.
Во јануари оваа година, уругвајскиот репрезентативец го продолжи договорот со Барселона до јуни 2031 година. И покрај тоа што е капитен на Барселона, тој не е стандарден во првиот тим, промената на средината би можела да му одговара нему, како и на Каталонците, според шпанските медиуми.
Ливерпул е подготвен да понуди 50.000.000 за Араухо, а тие пари би ѝ биле од корист на Барселона, која сè уште е во финансиски проблеми.
Араухо го пропушти поголемиот дел од есенскиот дел од минатата сезона поради повреда, а по враќањето на теренот, повеќе не беше постојан член на првиот тим. Ситуацијата не се подобри во новата сезона. Тренерот Ханси Флик го остави на клупата за резервите во последните три првенствени натпревари.
На Ливерпул ќе му треба стопер бидејќи на крајот од сезоната веројатно клубот ќе го напушти францускиот интернационалец Ибрахим Конате. Според британските медиуми, тој одбил да го продолжи договорот, кој истекува во јуни следната година.
Конате наводно веќе има усмен договор со Реал Мадрид.
Foto/ EPA