Top Sport

Ливерпул во Германија најде замена за Салах

Крилниот напаѓач на Лајпциг, Јан Диоманде (19), е исклучително заинтересиран за преселба во Ливерпул, а личните услови не треба да бидат пречка за евентуален трансфер, пишуваат англиските медиуми.

Репрезентативецот на брегот на Слоновата коска, стана една од главните летни цели на „Црвените“, кои се подготвуваат за ерата по заминувањето на Мохамед Салах. Ливерпул го следи Диоманде повеќе од една година, а нивните скаути го забележаа неговиот метеорски подем во Бундеслигата.

Она што започна како почетен интерес, сега прерасна во конкретен потег. Со оглед на тоа што Салах треба да го напушти „Енфилд“ на крајот од сезоната,

Во Ливерпул се сигурни дека крилениот напаѓач би бил идеална долгорочна замена која може да постигнува голови и асистенции.

Откако пристигна во Лајпциг минатото лето, тинејџерот се одликуваше со исклучителна брзина, продорен дриблинг и прецизна завршница. Оваа сезона, тој постигна 12 гола и седум асистенции во 29 настапи во Бундеслигата, што го привлече вниманието на неколку врвни клубови.

Неговата способност да игра на двете крилни позиции нуди значителна тактичка флексибилност, што тренерот на Ливерпул, Арне Слот, многу го цени кога планира опции за напад.

Сепак, доведувањето на Диоманде нема да биде евтино. Лајпциг е решен да добие надомест од близу 100 милиони евра за својот вреден играч.

Ливерпул е уверен дека преговорите со играчот ќе поминат непречено ако успеат да ги исполнат финансиските барања на Лајпциг.

Диоманде е под договор до летото 2030 година, а „Трансфермаркт“ го проценува на 75 милиони евра.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');