Top Sport

Ливерпул во контакт со Доминик Собослаи

Ливерпул имале контакт со претставниците на Доминик Собослаи, и ги разгледуваат опциите за зделка со РБ Лајпциг за унгарскиот фудбалер од средниот ред, тврди „Атлетик“.

Тимот на Јирген Клоп е во потрага по уште еден фудбалер од средниот ред по пристигнувањето на Алексис Мекалистер, а наводно се заинтерсирани и за Феде Валверде од Реал Мадрид. Но, исто како во тој случај, цената може да ги одврати од трансфер бидејќи неговата отпусна клаузула е високи 70 милиони евра.

Ливерпул ги почнува подготовките на 8 јули, по што ќе отпатуваат во Германија на тренинг-камп, па ќе играат со Лестер сити и Баерн Минхен во Сингапур.

Scroll to Top