Top Sport

Баерн раскинуваат со „Катар ервејс“ поради критиките од навивачите

Германскиот гигант, Баерн Минхен нема да го обнови критикуваниот спонзорски договор со „Катар ервејс“, прекинувајќи ја соработката по пет години, потврдија од клубот, велејќи дека „врските со фановите во арапскиот свет ќе останат“.

Навивачите протестираа против овој договор со државната компанија од Катар, поради човековите права во оваа земја, а критиките се зголемија за време на Светското првенство минатата година.

„Партнерите работеа на промоција на двете култури. Целта на Баерн Минхен и Катар ервејс секогаш беше поврзување на луѓето преку фудбалот, вклучувајќи го и женскиот фудбал. Соработката и пријателствата ќе продолжат“, велат од клубот.

Scroll to Top