Ливерпул потврдија дека имаат загуба од 46 милиони фунти (пред да се плати данок на британската држава), потврдувајќи го големото влијание на пандемијата на корона вирусот на „Енфилд“.
Финансиските извештаи на актуелниот англиски шампион до 31 мај 2020 покажуваат драстично намалување на приходите, секако најмногу поради празните трибини, иако периодот кој го покриваат е само три месеци без гледачи. Се очекува загубата од пандемијата да биде над 100 милиони фунти, и многу поголема ако Ливерпул не обезбеди место во Лигата на шампиони.
Минатата година, Ливерпул имаа профит од 42 милиони фунти, петти пат во последните шест години. За минатата сезона, Ливерпул има вкупен приход 490 милиони фунти, намалување за 43 милиони фунти. Клубот го „спасуваат“ зголемените приходи од комерцијалните договори – од 29 милиони фунти на 217 милиони фунти.
За плати, Ливерпул дава 325 милиони фунти годишно, со што само Манчестер сити се поскап тим од нив со 351 милиони фунти годишно.