Договорот на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе со клубот од Париз истекува на крајот од сезоната, а за разлика од некои претходни години, се чини дека тој нема да остане на „Паркот на принцовите“.
Реал Мадрид две години неуспешно се обидува да го ангажира брзоногиот француски репрезентативец, а според „Ле Паризиен“ во трката (повторно) се вклучил и Ливерпул.
Според овој извор, во моментов Ливерпул води во трката за потписот на Мбапе.
Во Ливерпул би сакале 25-годишниот Французин да го замени Мохамед Салах кој веројатно ќесе пресели во Саудиска Арабија или во САД.
„Ле Паризиен“ пренесува дека менаџерот на англискиот клуб, Јирген Клоп, со години го следи Мбапе, а Килијан го цени тоа, како и дека агресивната тактика на Реал Мадрид при реализација на трансферот била контрапродуктивна.
На 1 јануари беше објавено дека „кралскиот клуб“ доставил официјална понуда до францускиот фудбалер и го условил за две недели да одогови на понудата.
Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува на крајот од сезоната. Порталот „Трансфермаркт“ процени дека вредноста на фудбалерот од клубот од Париз е 180 милиони евра.