Top Sport

Ливерпул за ништо не дава пари – одбиле да им ги вратат парите на навивачите на Атлетико

Атлетико Мадрид вратиле 17.000 евра кај 290 навивачи на шпанскиот клуб кои решиле да не отпатуваат на реваншот од осминафиналето од Лигата на шампионите против Ливерпул на „Енфилд“, откако англискиот клуб одбил да се одвои од парите за билетите.

Атлетико победи со 3:2 во тој меч на 11 март и се пласираше во четврт-финалето, но според многумина мечот воопшто не смееше да се оддржи. Мадрид веќе беше во криза поради корона вирусот, но УЕФА и британската влада решија да дозволат илјадници навивачи да влезат на стадионот.

Сепак, дел од фановите од Мадрид решиле да не патуваат и побарале враќање на парите од Ливерпул, но англискиот клуб одбил да го направи тоа. Според шпанскиот „АС“, Атлетико сепак, решил да ги испочитува своите навивачи и да одвои 17.000 евра за нив минатата недела.

Според директорот за здравје на собранието на градот Ливерпул, Метју Ештон, мечот бил одговорен за растот на случаите на корона вирус во градот. Во петокот на 20 март во Ливерпул имало 14 потврдени случаи, а во понеделникот попладне оваа бројка скокнала на 455. Од тој меч, сите европски натпревари се откажани.

Оваа „скржливост“ на Ливерпул доаѓа откако повеќе поранешни фудбалери на клубот го критикуваа за одлуката да ги постави своите вработени на владината програма за обезбедување на 80 отсто од платата и покрај тоа што клубот имаше заработувачка од 42 милиони фунти во 2019 година.

Scroll to Top