Top Sport

Фјури со бизарна приказна за „дуелот“ во сауна со Кличко

Тајсон Фјури уште еднаш повтори дека обезбедил „ментална победа“ против Владимир Кличко и пред двајцата да влезат во боксерскиот ринг, и тоа во сауна!

Пред мечот за титулата во тешка категорија во 2015 во Диселдорф, каде што Фјури на поени го совлада Украинецот, „Џипси кинг“ откри приказна како прво ментално го победил на необично место.

„Бев во неговиот тренинг камп, влеговме во сауната и имаше околу 10 луѓе таму. На крајот останавме јас и Влад. Се сеќаваш на ова, Владимир? Во мојот ум јас ментално се борам со него. Тој може да каже што сака, да демантира, но јас бев подготвен да умрам во таа сауна, но ќе изддржев повеќе од него. Останав 40 минути“, вели Фјури.

Сега, пет години по повој пораз, 44-годишниот Кличко вели дека приказната е „вознемирувачка“.

„Продолжувам да ги читам овие вознемирувачки приказни за Фјури и сауната. Наводно бевме во некој дуел, во неговата глава. Колку е овој човек неприлагоден ако мисли или сонува за мене во сауна“, се прашува Кличко.

Scroll to Top