Top Sport


Ливерпул започнал преговори за трансферот на Марко Асенсио

Ливерпул ќе се обиде да го реализира трансферот на Марко Асенсио во летниот преоден рок, тврдат шпански и англиски извори запознаени со ситуацијата во двата клуба.

Асенсио има договор со Реал и за следната сезона, а клаузулата во неа вели дека може да замине во друг клуб доколку заинтересираната страна даде банкарски гаранции во висина од 700 милиони евра. Сепак тоа нема да се слули, туку Асенсио за многу помалку пари би можел да го напушти Реал.

Има и заинтересирани за неговите услуги, се споменуваат Баерн и Борусија Дортмунд од Бундеслигата, Јувентус и Милан од Серија А, а како најзаинтересиран за Премиер лигата досега се споменуваше Арсенал. Ливерпул влезе во трката и претставниците на клубот стапија во контакт со менаџерот на Асенсио.

Трансферот би можел да се реализира за 60 милиони евра.

Асенсио за Реал одигра 235 натпревари и постигна 49 гола и 24 асистенции. Меѓу другите успеси со клубот, тој прослави три титули во Лигата на шампионите и три во шпанското првенство.

Scroll to Top