Top Sport

Љоренте го продаде дресот во кој го покори „Енфилд“

Неколку дена пред да бидат суспендирани во целост фудбалските натпревари во цела Европа на „Енфилд“, Ливерпул и Атлетико Мадрид го одиграа осмина-финалниот реванш во Лигата на шампионите.

Крајно драматичниот реванш им припадна на фудбалерите од Мадрид. По продолженијата Атлетико победи на „Енфилд“ со 3:2 и го елиминира бранителот на титулата.


11/03/2020 ONLY FOR USE IN SPAIN

Херој на „јорганџиите“ беше Маркос Љоренте. Играчот од редот за врска влезе во игра во второто полувреме, а во првото продолжение постигна два гола со кои ја поништи предноста на Ливерпул, а потоа во 120 минута му асистираше на Мората кој ги постави конечните 2:3.

Деновиве Љоренте на акција го стави дресот кој го носеше на „Енфилд“. Неговиот дрес достигнал цена од 8.100 евра. Парите 24 годишниот фудбалер ќе ги донира во борбата против коронавирусот.

Scroll to Top