Top Sport

Матиќ: Нема подобар во историјата од Меси и Роналдо

На српскиот репрезентативец Немања Матиќ во исто време му е тешко и лесно да ги спореди Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Матиќ за „Лекип“ рекол дека Аргентинецот и Португалецот ги обележале последните 15 години и дека веројатно се најдобрите фудбалери во историјата.

„Ако го прашате мојот син тој ќе ви каже дека Роналдо е најдобар. Но тој и Меси се различни. Секако, Кристијано има талент, но на ова ниво е благодарение на напорната работа. Меси е талентиран, не можам да кажам дека и тој не работи. Различни се, тоа е факт“, рекол Матиќ и дополнил.

„Тешко ми е да кажам кој од нив двајца е подобар. Во последните 15 години двајцата беа најдобри. Едни гласаат за Роналдо, други за Меси. Според мене тие се на исто ниво. Восхитувачки е она што го правата. Тешко е долго да останеш на врвот, а на овие двајца тоа им успева. Не знам кој е подбар, тие двајца веројатно се најдобри во историјата“.

Scroll to Top