Top Sport

Љоренте замина во пензија

Поранешниот шпански фудбалер Фернандо Љоренте (37), реши да стави крај на кариерата.

Оваа информација ја потврдија од Мовистар плус, на прашањето дали ќе продолжи да игра фудбал, тој одговори не.

Љоренте ја започна својата кариера во Атлетик Билбао, каде одигра 262 натпревари и постигна 84 гола во девет сезони. Потоа се пресели во Торино, во Јувентус за кој настапуваше две сезони, по што се врати во Шпанија.

По една сезона помината во Севилја, тој се пресели во Англија, каде играше за Свонси и Тотенхем, а потоа се врати во Италија. Таму прво настапуваше за Наполи, а потоа и за Удинезе.

Во текот на кариерата, Љоренте освои осум трофеи, и тоа три титули во Серија А, два Купа на Италија и една Лига Европа со Севилја.

Scroll to Top