Top Sport

Љорис е загрижен за негативната атмосфера во Франција поради Погба и Мбапе

Голманот на Тотенхем и на француската репрезентација, Иго Љорис признава дека е загрижен поради „негативната атмосфера“ во репрезентацијата пред Светското првенство, предизвикано од сагата во кои беше вклучен Пол Погба откако неговиот брат Матијас го обвини дека најмил врач да му „фрли“ клетва на Килијан Мбапе.

Покрај ова, претседателот на Француската фудбалска федерација, Ноел Ле Грат е обвинет за сексуално вознемирување на вработени во федерацијата.

„Не ги имам сите факти за случувањата во федерацијата, но во секој случај на неколку месеци пред Мундијалот, важно е да бидеме солидарани и да се фокусираме на нашата цел, одбрана на титулата во Катар. Мораме да ја собереме силата, енергијата, бидејќи во јуни си заминавме со малку негативни чувства“, вели Љорис.

Франција продолжува со мечевите во Лигата на нации на УЕФА против Австрија во Париз на 22 септември и Данска во Копенхаген на 25 септември. Тие се на последното место во својата група 1.

Scroll to Top