Top Sport

Љорис: Франција нема проблеми по караницата Мбапе-Жиру

Голманот на француската репрезентација, Иго Љорис вели дека неодамнешната војна на зборови помеѓу Килијан Мбапе и Оливие Жиру не пречеле на подготовките за отварањето на ЕУРО 2020 против силната Германија.

Како први фаворити за титулата, Французите беа вклучени во контроверзи минатата недела откако Жиру се пожали дека Мбапе е себичен во нападот, по што напаѓачот на ПСЖ сакаше да организира прес-конференција која селекторот Дидие Дешам му ја забрани. Љорис вели дека медиумите ја направиле работата поголема отколку што навистина е.

„Многу повеќе се зборуваше надвор од тимот, отколку во тимот. Оливие и Килијан разговараа по мечот и нема ништо необично тука. Се работеше за мало несогласување какво што се случува во секоја соблекувална, и немаше никакво влијание на подготовките. Сега, едвај чекаме да почнеме“, вели Љорис.

Мбапе и Жиру се смирија по коментарите за „себичноста“ на ѕвездата на ПСЖ

Scroll to Top