Top Sport

Љорис го продолжи договорот со Тотенхем

Францускиот репрезентативен голман, Иго Љорис, го продолжил договорот со Тотенхем. Новиот договор важи до крајот на сезоната 2023/24.

Љорис е капитен на Тотенхем и еден од најважните играчи на овој тим. Францускиот голман е играч на Спарс од 2012 година.

Антонио Конте успеа да го убеди да остане во Лондон. Кога ќе му истекне договорот, Љорис ќе има полни 38 години.

Досега во кариерата, на голот на Тотенхем, стоел на 395 натпревари.

Најголемиот успех со тимот му е пласманот во финалето, во Лигата на шампионите во 2019 година.

 

Scroll to Top