Top Sport

Љорис уапсен додека возел пијан низ Лондон, пуштен со кауција

Голманот на француската репрезентација и капитен на Тотенхем, Иго Љорис е обвинет за возење под дејство на алкохол откако полицијата во западен Лондон го сопрела во раните часови во петок наутро.

31-годишниот Љорис, кој е во Тотенхем од 2012 година и има 256 настапи за премиерлигашот, беше капитен на Франција на СП во Русија.

Тој е пуштен со кауција и треба да се појави на суд на 11 септември, каде што најверојатно ќе му биде одземена возачката дозвола.

Scroll to Top