Top Sport

ФИФА го казни палестинскиот шеф за повикот да се горат дресови на Меси (видео)

Светската фудбалска федерација (ФИФА) му одреди едногодишна суспензија на Џибрил Раџуб, претседателот на Палестинската фудбалска федерација, откако тој повикувал на насилство и омраза пред пријателскиот меч на Израел и Аргентина.

Раџуб протестираше откако Израел реши наместо мечот во јуни да се игра во Хаифа да се игра во Ерусалим, и побара Палестинците да горат дресови со името на Лионел Меси, ако суперѕвездата на Барселона игра на тој меч. Тоа се случуваше во моментот кога САД го призна Ерусалим како главен град на Израел, а Палестинците протестираа.

Иронично, мечот на крајот воопшто не се одржа, откако Аргентинците се повлекоа од последниот тест пред СП.

ФИФА го суспендираше Раџуб на 12 месеци и го казни со 20.000 швајцарски франци. Раџуб подолго време се обидува ФИФА и ИОЦ да го суспендираат Израел поради политиката за доселениците на Западниот Брег и поради ограничувањето на движењето на палестинските спортисти.

Scroll to Top