Top Sport

Љубезни домаќини во Премиерлигата – на „Гудисон парк“ му пукна петарда на Евертон

Ниту еден од четирите попладневни дуели од редовниот термин во Премиерлигата не завршија со триумф на домашна екипа, три нерешени и еден гостински триумф.

Фаворитот Евертон предводен од Рафа Бенитез на „Гудисон парк“ беше непријатно изненаден од екипата на Ватфорд, 2-5.
Иако Дејвис уште во третата минута донесе предноста за „карамелите“, веќе во 13 минута Кинг носи израмнување, 1-1.
Евертон преку Бразилецот Ришарлисон во 63. минута повторно доаѓа во водство, 2-1.

Сепак, гостите најпрво во 78 минута со голот на Куцка носат егал позиција, 2-2, а само две минути подоцна и комплетен пресврт. Творец на погодокот на 3-2 беше повторно Џошуа Кинг.

Хет-трик сред Ливерпул за Кинг во 86 минута, резултат 2-4, додека точка на натпреварот и конечни 2-5 постави Денис во 92 минута.

Малку недостасуваше неуспех на свој терен да доживеат и избраниците на Марсело Биелса. Екипата на Лидс беше надиграна и губеше со 1-0 од составот на Вулверхемптон се до 92 минута.

Единствениот гол за „волците“ беше дело на Хи-Чан уште во 10-тата минута, а бод за домашните спаси Родриго, од пенал.

Екипата на Кристал Палас одигра 1-1 со тимот на Њукасл. Иако домашните постигнаа и втор гол во самиот финиш од мечот, истиот беше поништен поради прекршок.

Претходно домашните со голот на Бентеке во 56 минута поведоа со 1-0, додека израмнувањето дојде преку Вилсон во 65 минута.

Со поделба на пленот заврши и дуелот Саутемптон – Барнли, 2-2.

Гостите поведоа преку Корнет во 13 минута, а во првиот дел израмни Ливраменто, во 41 минута.

Броја ги донесе домашните во предност од 2-1, во 50 минута. Бод за гостите спаси стрелецот и на првиот гол, Корнет, во 57 минута.

Scroll to Top