Top Sport

Љубо Пенев на „жешката“ клупа на ЦСКА Софија

ЦСКА Софија ќе се „вади“ од кризата со познато лице, откако Љубослав Пенев е именуван за нов тренер на најтрофејниот бугарски клуб.

Директорот на „црвените“, Пламен Марков го потврди договорот со нивниот поранешен фудбалер на една и пол година, во која на поранешниот фудбалер на Валенсија и Атлетико Мадрид ќе му помагаат Пабло Караско, Добри Митов и Даниел Моралес.

Пенев до минатата година работеше како тренер на Б-тимот на Валенсија, но си замина откако постоеја шпекулации дека ќе стане бугарски селектор. Сега, тој го менува Нестор Ел Маестро на клупата на ЦСКА и се враќа на местото каде што играше од 1984 до 1989 година.

ЦСКА Софија има рекордни 31 титули од бугарската прва лига, но последната дојде во далечната 2008 година.

Scroll to Top