Top Sport

Зошто? Шкотската федерација се извини за „сексистичката“ фотографија

Шкотската фудбалска асоцијација (СФА) официјално се извини и ја повлече „спорната“ фотографија откако беа обвинети за сексизам при промоцијата на дресот на фудбалската репрезентација.

Фотографијата на која се пожалија луѓето беше на млада русокоса девојка со скинати фармерки и шкотскиот дрес, додека машката верзија е во обична поза и тоа со шорцеви на националниот дрес.

„Виновник“ за повлекувањето е таткото на две деца, Сајмон Кемп, кој се пожали на Твитер додека купувал дресови за својот син и својата ќерка пред Светското првенство за жени ова лето.

„Сакав да купам нови дресови за сите нас, и затоа не ми е јасно зошто момчињата се покажани како спортисти, додека женскиот модел е традиционален. И мојата ќерка игра фудбал, како и илјадници други девојчиња. Каков пример дава ова?“, напиша Кемп.

Портпаролот на Шкотската ФА официјално се извини.

„Се извинуваме на навредените поради фотографијата. Кога ни беше објаснето, веднаш ја отстранивме фотографијата. Ние сме посветени на засилувањето на еднаквоста и различноста во шкотскиот фудбал и промоцијата на женскиот фудбал“, изјави портпаролот.

Малку претерана реакција, нели?

Scroll to Top