Top Sport

Љубоморните девојки не ја сакаат учителката по англиски на премиерлигашките ѕвезди

Девојките и сопругите на премиерлигашките ѕвезди им забраниле на своите партнери да работат со Сара Дуке, учителката по англиски јазик, која веќе работеше со ѕвезди како Хулијан Алварез од Манчестер сити и Артур Мело од Ливерпул, тврди таблоидот „Сан“.

Атрактивната Дуке, која има 150 илјади следбеници на Инстграм, е поранешна спортска адвокатка, а зборува течно германски, шпански, француски и португалски јазик. Таа неодамна се пофали со видео со Алварез во кое е порача: „Од кревање на трофејот од Светското првенство до освојување на нов јазик. Талентот на мојот клиент нема граници“.

Според „Сан“, аргентинската ТВ програма „Инвасорес“ тврди дека некои партнерки на фудбалерите сметаат дека часовите кај Дуке се премногу ризични и не дозволуваат таква соработка.

Scroll to Top