Top Sport

Дејли Блинд морал на операција на срцето!

Дефанзивецот на Ајакс, Дејли Блинд бил на успешна операција на срцето, објави холандскиот клуб, откако 29-годишниот поранешен играч на Манчестер јунајтед (2014-2018) страдаше од вртоглавица во текот на мечот од Лигата на шампионите против Валенсија овој месец.

Блинд го заврши тој меч, но сега добил кардиовертер дефибрилатор на срцето, потврди клубот.

„Најважното нешто е што во моментов се чувствувам добро и ќе се обидам да се вратам што е можно побргу“, изјави Блинд на видео кое го објави на Твитер.

Блинд, кој беше редовен првотимец минатата сезона за Ајакс и ги предводеше до двојна домашна титула и полуфинале од Лигата на шампионите, нема да патува со Ајакс на зимскиот тренинг-камп во Катар и ќе остане во Амстердам.

Scroll to Top