Преодниот шеф на Арсенал, Фреди Љунгберг вели дека „украл“ идеи од Свен-Горен Ериксон во обид да ги стабилизира „топчиите“, но не стигнал да зборува со својот поранешен тренер Арсен Венгер поради работата.
42-годишниот Љунгберг, работеше како тренер на У-15 тимот на Арсенал во 2016, пред да му стане помошник на Емери откако кратко работеше и како тренер во Волфсбург. Сепак, тој вели дека најмногу лекции „научил“ од поранешниот англиски селектор и шведски сонародник, Ериксон.
„Свен е многу интелигентен човек, зборував многу со него кога беше англиски селектор бидејќи секогаш ги гледаше нашите натпревари. Знам дека во минатото имаше некои приказни за тоа како тој се однесуваше кон фудбалерите, но јас научив многу од него. Се надевам дека наскоро ќе се видиме. Арсен? Не сум зборувал со него, бидејќи имав многу работа во последно време. Но, сигурно ќе се видиме“, вели Љунгберг.