Top Sport

Нема рушење на „Сан Сиро“, ќе се бара друго решение

Директорот на Интер, Алесандро Антонело призна дека тие и Милан се приморани да дадат „нови идеи“, почнувајќи со оддржување на „Сан Сиро“, со што пропаѓа идејата легендарниот стадион да се сруши.

Ова е резултат на состанокот помеѓу Интер, Милан и градскиот совет, кој останува на тврдењето дека стадионот нема да се руши, со што целосно се менуваат плановите за изградба на нов стадион.

„Од состанокот со советот, добивме индикации околу оддржувањето на ’Сан Сиро’ и сега работиме на различни идеи“, вели Антонело.

Претседателот на Милан, Паоло Скарони, пак тврди дека новиот стадион би можел да биде „во хармонија“ со сегашниот „Џузепе Меаца“.

„Советот ни кажа дека ќе продолжи да го оддржува ’Сан Сиро’ во живот. Тоа е иновативна идеја бидејќи никогаш не сме виделе два стадиони на 100 метри еден од друг. Ќе видиме дали тоа може да се изведе. Ако не, тогаш ќе направиме нови идеи“, вели Скарони.

Scroll to Top