Новото засилување на Милан, Рубен Лофтус-Чик вели дека чувствувал како „животно во кафез“ во Челси и дека едвај чека да се докаже во Милан, каде што сакал да замине уште пред една година.
Фудбалерот од средниот ред ја помина цела кариера во Лондон, каде што играше и на позајмица во Кристал палас и Фулам, пред да го направи трансферот од 16 милиони евра во Милан.
„Секогаш размислував за преселба. Минатата сезона веќе знаев дека е време да одам некаде, бидејќи почнав да се чувствувам добро, немаше веќе повреди и се чувствував како животно во кафез. Сега само сакам да добијам шанса да играм и да покажам што умеам. Промените никогаш не се лесни, но понекогаш е добро да ги направиш“, вели Лофтус-Чик во интервју за „Тајмс“.