Top Sport

Втора победа на Вардар на „Струга 2023“, „падна“ и Ескилстуна

РК Вардар 1961 ја забележа и втората победа на турнирот „Струга 2023“, откако потешко од очекувањата со 28:26 (14:10) го совлада шведскиот клуб ГУИФ Ескилстуна.

Вардар ја одржуваше предноста во текот на првото полувреме, за на полувреме да има максимални 14:10. Шведскиот клуб имаше подобро второ полувреме и успеа да израмни на 22:22, пред „црвено-црните“, конечно, да ја осигураат победата. Стефан Петриќ беше најефикасен за Вардар со седум гола, а по пет имаа Јагуриновски и Николиќ.

Вардар во првото коло беше убедлив со 29:17 триумф над домаќинот Струга, и сега во финалето за своја 14. титула од традиционалниот струшки турнир ќе играат со подобриот од мечот помеѓу АЕК Атина и РК Алкалоид.

Фото: РК Вардар

Scroll to Top