Јувентус и Сасуоли ги делат 10 милиони евра од трансферот на Мануел Локатели. „Старата дама“, за италијанскиот репрезентативец понудиле 30 милиони евра, клубот од покраината Емилија-Ромања бара 10 милиони повеќе. Сасусоло се сигурни дека Арсенал ќе ја понудат таа сума, иако фудбалерот се изјасни дека посакува трансфер во Јувентус.
Локатели, во Серија А, дебитираше во дресот на Милан. За овој тим настапуваше од 2016 до 2018 година. Потоа се пресели во Саусоло, најпрвин како позајмен играч, а потоа клубот го откупи неговиот договор.
Мануел Локатели, во неделата со Италија, ја освои титулата на Европското првенство.